Бордел во Виена им овозможува на граѓаните да се вакцинираат против коронавирусот, а секој што тоа ќе го стори, кај нив има право на бесплатен „третман“ во траење од 30 минути во сауна, со дама по сопствен избор.
Станува збор за борделот Fun Palast кој го започна овој проект на 1 ноември во обид да придонесе за зголемување на бројот на вакцинирани во Австрија, пишува Daily Mail.
Во Австрија само околу 65 отсто од Австријците се целосно вакцинирани, а на оние кои немаат примено вакцина им е забранет пристапот до ресторани, хотели, фризерски салони и големи јавни настани.
Мерките беа воведени како одговор на брзото зголемување на бројот на заразени во оваа земја.
Во борделот Fun Palast вакцинирањето е можно секој понеделник од 16 до 22 часот. На малолетните момчиња, но не под 14 годишна возраст, наводно, им е дозволено да ги користат услугите, но под услов да се придружувани од возрасен. Добредојдени во оваа „амбуланта“ се и жените, а од борделот очекуваат иницијативата да добие „вин-вин“ размери, односно да имаат взаемна корист со државата.
„Поради пандемијата бележиме пад на клиентите од 50 отсто и со оваа иницијатива се надеваме дека бројот на клиенти повторно ќе ни се зголеми“, велат од борделот.