Претседателот на Република Српска, ентитет во рамките на Федерацијата Босна и Херцеговина, на социјалната мрежа „Твитер“ го прокоментира ставањето на „црната листа“ на САД на четворица функционери на Република Српска. Тој наведе дека Соединетите Американски Држави не ги бирале функционерите на Република Српска, па затоа нема ни да ги менуваат, пренесува РТС.
„САД мислат дека на овој начин можат да го дисциплинираат секој што не размислува како нив. Санкциите ја покажуваат и немоќта на голема глобална сила како САД. Без разлика на сè, тие сакаат да ја санкционираат оваа нација бидејќи ние сме претставници на народот. Тие сакаат да не сменат, да дојде некој што ќе молчи, ќе клима со глава и ќе одобрува. Не сме загрижени за овие санкции“, ја пренесува српскиот национален сервис изјавата на Додик.