Армани Милано, чии дресо од оваа сезона го носи македонскиот репрезентативец Ненад Димитирјевиќ, лошо влезе во Евролигата. Во првите седум кола Армани забележа само две победи.
Тренерот Еторе Месина, кој е главен и кога се трансферите во прашање, реши да го засили тимот, токму на позицијата на која игра Димитријевиќ.
Нов играч на Милано е Нико Менион. Миланезите ќе му платат на Варезе обесштетување од 300.000 долари.
23-годишникот избран од 48. позиција на драфтот во 2020 година и имаше просек од 4,1 поен и 2,3 асистенции во 30 натпревари во НБА за Голден стејт Вориорс.
Во следните две сезони настапуваше за Виртус, играше и за Басконија, а кон средината на минатата сезона потпиша за Варезе.
Менион е плејмејкер, позиција на која покрај Димитирјевиќ Еторе Месина го има и Аргентинецот Болмаро.
Текстот Димитријевиќ доби нов соиграч – Менион го засили Милано е превземен од МАКФАКС.