Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, македонскиот голман, Столе Димитриевски, ќе игра во фудбалскиот шампионат во Саудиска Арабија, како дел од тимот на Ал Наср. Ал Наср се договорил со Рајо Валекано и ќе уплати 10 милиони евра на сметката на шпанскиот тим, за да го добие македонскиот голман. Столе Димитриевски пред неколку дена се согласи на условите што ги понуди тимот на Ал Наср и ќе добие 3 милиони евра по сезона. Да потсетиме, македонскиот голман ќе игра во истото првенство со другиот репрезентативец на Македонија, Езгјан Алиоски, кој летото 2021 година потпиша за екипата на Ал Ахли.