Државната изборна комисија денеска на прес конференција посочи дека 31,81% е излезноста на ниво на држава до 15 часот, при обработени податоци од 86,79% од избирачките места.

Најголема излезност има во општините Новаци – 59,16% и Демир Хисар со 54,86%.

А најмалку гласачи излегле до избирачките места во Шуто Оризари со 19,99% и 19,1% Во Центар Жупа.

Тој додаде дека до ДИК се пристигнати 134 приговори, од кои 63 се прифатени, а 10 одбиени.

Засега процесот на гласање оди во најдобар ред, а на некои гласачки места отежнато поради проблеми со апаратите за отисок од прст.