Утрово, во Милвиертел, Горна Австрија, е убиен градоначалникот на Кирхберг об дер Донау, Франц Хофер. Набргу потоа беше пронајдено уште едно тело, а медиумите ја објавија можноста за трета жртва, што полицијата сѐ уште не ја потврдува.
Во истиот кварт е пронајдена и втората жртва.
Според првите информации, се претпоставува дека градоначалникот е убиен во Алтенфелден, општина што граничи со Кирхберг об дер Донау. Се вели дека осомничениот напаѓач, кој моментно е во бегство, е ловец и се верува дека е вооружен со долга пушка.
Во тек е опсежна потрага, во која се вклучени специјалните сили, вклучувајќи ја и екипата „Кобра“. Пошироката област е опколена, а на местото на инцидентот се ангажирани сите служби за итна помош. Мотивот за злосторството сѐ уште не е познат, но според весникот „Ди пресе“, можно е причина за овој трагичен настан да биде спор за ловот.
На терен се присутни многубројни полициски сили.
Текстот Детали за престрелката во Австрија: освен градоначалникот, убиено уште едно лице, мештаните се кријат во своите домови е превземен од МАКФАКС.