Најмалку 37 лица загинаа во пожар што зафати патнички траект во јужен Бангладеш, пренесе Би-Би-Си.
Официјалниот претставник на противпожарната единица, Фарид Удин Бујан, рече дека пожарот избувнал на траектот „МВ Обхијан-10“ во раните утрински часови во петокот.
Фериботот пловел по реката Суганда во областа Џалакати, на околу 150 километри југозападно од главниот град Дака.
Се верува дека пожарот избувнал во моторната соба на траектот и брзо се проширил низ бродот, така што многу патници скокнале во реката и веројатно се удавиле, пренесува Би-Би-Си.
Се проценува дека околу 500 патници биле на траектот кој пловел кон јужниот кварт Баргун од главниот град Дака.
На пожарникарите им требаа повеќе од три часа да го изгаснат пожарот, откако траектот бил закотвен на брегот на блиското село, изјавил Зохар Али, гувернер на областа.
Најмалку 67 патници со тешки изгореници се хоспитализирани во болницата за медицинскиот факултет Ше-е-Бангла во соседната област Барисал.
Крајбрежната стража продолжува да ја пребарува реката. Фаталните несреќи на траект се чести во Бангладеш, земја со многу реки, поради непочитување на безбедносните прописи.