реклама

Клои Кардашијан и нејзиниот поранешен партнер Тристан Томпсон пред 10 месеци добија син со помош на сурогат мајка, но ријалити ѕвездата и кошаркар долго време го криеше името на детето од јавноста.

„Сан“ сега објави дека момчето се вика Тејтум Роберт.

реклама

Пред раѓањето на второто дете, Клои изјавила дека би сакала неговото име да започнува со буквата Т за да одговара на името на нејзината ќерка. Таа на социјалните мрежи не објавува фотографии на кои се гледа лицето на момчето, а оваа практика не ја применила кога го родила своето прво дете, петгодишната Тру.

Инаку, нејзината сестра Кајли Џенер неодамна го откри името на нејзиниот син кој наскоро ќе наполни една година. Таа на Инстаграм објави фотографија на која позира со малиот и напиша „Aire“ во описот, иако таа и поранешниот партнер Тревис Скот прво го именуваа момчето Волк.

реклама