реклама
ДЕРМАТОЛОГОТ Мамина Турегано објави видео на својот TikTok профил за да објасни дека освен други фактори како стрес, неправилна хигиена и хормонски проблеми, нашата кожа може да биде уништена и од храната што ја консумираме секој ден. Како што објасни таа, редовното консумирање одредени намирници може да предизвика појава на акни, но и други проблеми со кожата на лицето.
Тоа се првенствено храна богата со рафинирани јаглехидрати и шеќер, како и одредени млечни производи.
реклама
„Пица, чоколада, но дури и солени грицки полни со маснотии како чипс може да доведат до затнување на порите и појава на акни или мозолчиња. Иако умереното консумирање на оваа храна е сосема во ред, доколку претераме, би можеле да доведеме до влошување на квалитетот на кожата на лицето“, вели дерматологот.
@dr.mamina Acne is complex and is triggered by more than just food. Stress, hormones, genes, microbiome, skincare, and many other factors all play a role. This gives a very BASIC overview on how foods can cause acne. #dermatologist #acne #foodsthatcauseacne #holisticdermatology #skincare #acne #pimples ♬ original sound – Mamina Turegano, MD
реклама