Во последното коло од есенскиот дел од македонскиот шампионат, денес ќе се одиграат пет натпревари, откако вчера со сигурна победа Брегалница славеше на гостувањето во Кавадарци во Тиквеш (1-3) и со позитивна атмосфера замина на заслужен одмор.

Шампионот Шкендија полусезоната со победа ќе проба да ја заврши пред својата публика, на дуелот со Скопје. Шкупи ќе гостува на велешки Борец

Дербито на колото се игра во Скопје, меѓу градските ривали Работнички и Македонија ЃП. Академија Пандев е во фаза на мини-криза, затоа што по серијата победи во последните две кола, покрај споменатиот пораз од Македонија ЃП запиша и реми со Брегалница, сега пред себе го има најслабиот тим во лигата битолски Пелистер.

Последна битка за бодови оваа година ќе водат и екипите на Струга Трум Љум и Ренова. Сите натпревари од последното есенско коло се играат од 13:00 часот.

ПРВА ЛИГА, 18. КОЛО (13 ЧАСОТ)

Академија Пандев – Пелистер

Борец – Шкупи

Работнички – Македонија ЃП

Шкендија – Скопје

Струга трим Лум – Ренова

ВЧЕРА

Тиквеш – Брегалница 1-3 (1-0)

Каракамишев 13 – Манев 56, Ѓокиќ 70, Алтипармаковски 90+4

ТАБЕЛА: Шкупи 39 бода, А. Пандев 32, Шкендија 31, Брегалница 29, Ренова 27, Македонија ЃП 24, Струга ТЛ 23, Работнички 22, Скопје 20, Тиквеш 15, Борец 12, Пелистер 5.