Генералното собрание на ОН, убедено дека промоцијата на културата на солидарност и духот на споделување е важна за борба против сиромаштијата, со резолуцијата 60/209 во 2005 година го прогласи 20 декември за Меѓународен ден на човековата солидарност.
Во 2002 година со резолуцијата 57/265, Генералното собрание го основа Светскиот фонд за солидарност, кој беше формиран во февруари 2003 година како доверлив фонд на Програмата за развој на Обединетите нации, со цел е да се искорени сиромаштијата и да се промовира човечкиот и социјалниот развој во земјите во развој, особено кај најсиромашните сегменти од нивното население.