Во последниот месец од годината, многу луѓе одлучуваат да направат големи промени, да остават зад себе некои лоши работи и навики и да продолжат понатаму, во новата година, на поинаков начин.
Најчесто овие одлуки се поврзани со откажување од цигари, алкохол, започнување диета и вежбање…
Но, според последните истражувања, се чини дека многумина се решаваат да се „ослободат“ од друга работа – актуелните врски!
Статистиката покажала дека декември е месецот кога луѓето најмногу раскинуваат, поточно токму на овој ден – 11 декември!
Причините за раскинување се различни – некои не сакаат да ги поминат празниците со личност која повеќе не ја сакаат, со која веќе не се согласуваат добро, а некои не сакаат да го запознаат партнерот со семејството затоа што мислат дека „ова е не тоа“, па претпочитаат да си заминат порано – 71 процент од жените и 56 мажи прекинуваат токму поради таа причина, пренесува UNILAD.
„Многу луѓе исто така имаат проблем со подарување, го сметаат за интимно и не се сигурни што да купат за другата страна. Тоа ги фрустрира до тој степен што раскинуваат бидејќи не сакаат да вршат притисок на себе или на нивниот партнер“.
Зошто 11 декември?
Датумот не е многу важен но, луѓето раскинуваат на овој ден затоа што мислат дека е одличен „тајминг“ се да се сведе на празниците за да им се олесни ним и на другата страна.