Младешкиот изглед е она кон што се стремат сите жени, а добрата вест е дека не ви се потребни скапи третмани за да постигнете совршени резултати дома.

Сите дерматолози едногласно се согласуваат, но истражувањата покажаа и дека куркумата е многу моќен сојузник на затегнатото лице. Од овој зачин можете да направите квалитетна домашна маска за само неколку минути. Еве како:

Потребни состојки:

Половина лажичка куркума
1 лажичка јогурт
Половина лажичка кокосово масло (може и друго масло, маслиново, арганово…)

Подготовка:
Измешајте ги сите состојки и нанесете на исчистено лице. Оставете ја маската да делува 30 минути и потоа исплакнете. Треба добро да го измиете лицето со топла вода, тоник или сапун.

Еве што велат дермаролозите, зошто куркумата е добра за лицето и како делува:

Куркумата одамна е ценет зачин и долго време неговата употреба не е ограничена само на подготовка на храна. Богат е со антиоксиданси и антибактериски својства, поради што е одличен за кожата. Куркумата штити од УВ оштетување, ги отстранува акните, ја враќа еластичноста на кожата и младешкиот изглед.

Дерматологот Ширази вели дека куркуминот содржан во овој зачин е одговорен за регулирање на воспалителните процеси на кожата.

Тања Кормејли, дерматолог, додава: „Бидејќи куркуминот е богат со антиоксиданси и антиинфламаторни компоненти, се покажа дека е корисен за лекување на разни кожни заболувања како егзема, псоријаза и витилиго. Се користи и за отстранување на флеки“.