Аргентинскиот тенисер Хуан Мартин Дел Потро по долга пауза се враќа на терените и тоа на турнирите во Јужна Америка.
Шампионот од Ју-Ес Опен од 2009 година ќе игра во Аргентина и Бразил со што ќе стави крај на лошиот период.
Имено популарниот Дел По нема одиграно меч уште од 2019 година,поради повредите. Турнирите во Буенос Аирес и Рио Де Жанеиро се играат овој месец.
Аргентинецот во досегашната кариера има освоено 22 титули, а во моментов е на 757 место на АТП листата.