Двегодишниот Лав Тодоовииќ од Нови Сад, Србија, кој боледува од спинална мускулна атрофија (СМА) тип 1 денеска го прими најскапиот лек на светот, Золгенсма. Тој е и првиот пациент во Сбија кој ја добил оваа терпија, на Универзитетската детска клиника во Белград.
Примањето на терапијата траело околу еден час, а мајката на Лав за „Нова.рс“ со широка насмевка на лицето изјавила дека за неа и за целото семејство конечно почнува нов живот и тие може да здивнат.
Јас и Лав сме сами во изолација, тоа е неопходно. Но, брзо ќе излеземе. Лекарите велат за ден-два можеме дома. Имаше многу возбуда, но и страв, изјави мајката на Лав.
По терапијата со Золгенсма се очекува дека кај Лав набрзо ќе се вратат, односно ќе се обноват сите загубени моторички способности и дека тој ќе може сам да се движи.
Детската клиника во Белград е сертифицирана да ја дава терапијата со Золгенсма, а Лав пред неколку месеци бил на преглед каде што било докажано дека тој е одличен кандидат за оваа генетска терапија. Досега децата од Србија кои се болни од СМА се лечеа во САД и во Унгарија. Цената на лекот е околу два милиони евра.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.