Повеќето луѓе кои ја следат нивната тежина се грижат за дневниот внес на калории. Сепак, според најновото истражување, целата напорна работа би можела да биде залудна доколку посегнете по само две чаши од омилениот пијалок – виното, кое е покалорично дури и од хамбургер.

Alcohol Health Alliance (AHA) од OK наведува дека само две чаши вино можат да содржат повеќе калории од еден хамбургер од Мекдоналдс.

Анализирајќи ја содржината на 30 шишиња од водечките брендови на црвено, бело, розе, овошно и пенливо вино, изјавија дека во нив има широк спектар на шеќери и калории. Едно шише може да содржи до 59 грама шеќер, додека просечниот препорачан внес е 30 грама и вкупно 598 калории, од кои само 250 има во еден хамбургер.

Исто така, вината со помал процент на алкохол содржеле повеќе шеќер.

Со купување на алкохол со помала јачина, многумина мислат дека тоа е поздрава опција, но несвесно го зголемуваат дневниот внес на шеќер, тврдат тие.

АХА го привлекува вниманието на важноста на нутритивните етикети на алкохолните пијалоци, кои се многу несоодветни и луѓето честопати немаат поим што внесуваат во нивното тело, ниту како тоа влијае на нивното здравје.

Ниту еден од 30-те тестирани производи немаше содржина на шеќер на нивните етикети – информации за кои велат дека се неопходни за сите безалкохолни пијалоци во Британија. Исто така, содржината на калории била прикажана само на 20 проценти од етикетите.

„Кога клиентите купуваат млеко или сокови, тие имаат нутритивни информации на дофат на раката, но кога станува збор за алкохолот – производ кој промовира дебелина, му штети на здравјето, па дури и предизвикува седум видови на рак, тогаш нема такви информации“, рече претседателот на АХА, Јан. Гилмор.дека е неопходно да се работи на означувањето на алкохолот.