Се наближува 29 ноември кога ќе биде познат добитникот на престижната „Златна топка“ за најдобар фудбалер во 2021 година.
Конкуренцијата како и секоја година е жестока, а шпанска „Марка“ неодамна ги објави моменталните гласови според кои води Роберт Левандовски.
Новите информации на светските медиуми говорат дека две имиња остануваат во потесна конкуренција, а тоа се Роберт Левандовски и Кристијано Роналдо. „ЕСПН“ исто така пишува дека борбата ќе се води меѓу Левандовски и Роналдо.
Иако Португалецот до неодамна беше далеку од водечките кандидати, со добрите игри во последно време успеа да се издигне, но сепак прашање е колку заслужува да ја добие наградата покрај Левандовски, или пак можеби Жоргињо кој претходно се истакнуваше како фаворит.
Исто така, треба да се напомене и дека Мохамед Салах ги престигна Карим Бензема и Лионел Меси, кој пак падна на листата поради лошите игри во последните месеци во дресот на ПСЖ.
Така, според најновите прогнози, Левандовски и Роналдо се далеку пред останатите, Салах е третопласиран, Бензема на четвртото, а Жоргињо на петтото место, додека Лео Меси сега испадна од Топ 5.
Сигурно е дека до 29 ноември ќе има доста поместувања и прогнози, а годинешното издание е едно од највозбудливите кога станува збор за „Златната топка“.