Повредените при падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, пациентот Ц.В. (18) и пациентката М.Т. (24), се уште се на интензивна нега во Клиничкиот центар во Војводина и се во тешка, но стабилна здравствена состојба, соопштија денеска од КЦВ.

„Тие се свесни и дишат спонтано. Мултидисциплинарен консултативен тим од лекари, медицински сестри и здравствени техничари обезбедува комплексен интензивен третман со континуирано следење на виталните функции и психолошка поддршка која е постојано присутна“, се вели во соопштението.

Во несреќа на 1 ноември загинаа 15 лица, кога врз нив се урна армирано-бетонска настрешница од неодамна реновираната зграда на железничката станица во Нови Сад, објави Нова.рс.

Текстот Двајцата повредени во несреќата во Нови Сад се уште се во тешка состојба е превземен од МАКФАКС.