Двајца полицајци се убиени за време на рутинска патрола во Западна Германија, пренесува Гардијан.
Престрелката се случила околу 4:20 часот во близина на градот Кусел, соопшти полицијата.
Според официјалното соопштение од полицијата, сторителите на ова дело побегнале во непознат правец, а полицијата нема опис за нив, ниту опис на автомобилот во кој побегнале.
“Апелираме до сите возачи да не примаат автостопери и предупредуваме дека барем еден од осомничените е вооружен“, соопшти полицијата од Кајзерслаутерн.