Откако шестмина играчи го напуштија гевгелискиот прволигаш, новото раководство на клубот го почна процесот на обнова на тимот.
По Тревон Бродвеј и Мајлс Томпсон, Кожув би требало да се засили со поранешниот македонски репрезентативец Александар Штерјов и американскиот интернационалец Елџеј Каухерд.
Штерјов по четврти пат во кариерата ќе биде дел од Кожув откако дресот на овој тим го носеше од 2012 до 2014, потоа од 2015 до 2017 и во сезоната 2018/19.
Каухерд игра на плејмејкерската позиција, а познат ѝ е на македонската кошаркарска јавност бидејќи минатата сезона беше член на тогашниот прволигаш Црн Дрим.