Астролозите направија љубовен хороскоп за сите знаци на Зодијакот за овој викенд (петок 27 до недела 29 октомври) и заклучија дека два хороскопски знаци ќе имаат исклучителна среќа во љубовта.
Кој ќе започне возбудлива љубовна приказна, а кој ќе се врати на старата љубов, прочитајте во продолжение.
Овен
Возбудлив љубовен викенд им претстои на Овните, па затоа астролозите ги советуваат што помалку да седат дома, особено доколку се слободни. Слободните Овни имаат голема шанса токму овој викенд да ја сретнат личноста на нивниот живот. Веднаш ќе ја препознаат. Тоа ќе биде кармичка средба, ќе помислите дека двајцата се знаете „сто години“. Слободно препуштете ѝ се на љубовта и не ставајте си предрасуди и кочници. Овните пак, кои веќе се во врска, можат да разговараат со партнерот/ката за подигнување на врската на ново ниво – заеднички живо или брак.
Лав
Слободните Лавови овој викенд ќе зрачат со неверојатен шарм, па во купот „поданици“ кои ќе ги привлечат каде и да мрднат, ќе се најде и една нивна веќе заборавена љубов. Заборавена? Астролозите велат дека поради вашата гордост во минатото сте прекинале судбинска љубовна врска. Сега ќе имате втора шанса да ја обновите. Затоа, внимавајте што зборувате и што правите, слушајте го срцето, а не суетниот ум. Лавовите кои пак се веќе во врска ќе уживаат во романтични викенд денови со партнерот, а некои Лавови ќе чујат и прекрасни вести.