Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека телефонски е пристигнато барање за помош од Северна Македонија поради големиот број пожари што избувнаа на територијата на таа земја, јави дописникот на МИА од Белград.

-Сè уште не сме го добиле официјално, но разговаравме на телефон. Побараа од Северна Македонија да им помогнеме да го изгаснат пожарот. Слични барања има и од Република Српска. Мислам дека имаме доволно капацитет за помош во двете држави истовремено, во хуманата акција за гасење пожари, рече Дачиќ.

Дачиќ нагласи дека Србија ќе испрати хеликоптери за гаснење на пожарот и додаде дека не сака тоа да биде оценето како испраќање хеликоптери заради остварување на воена доминација.

Владата на Северна Македонија вчера прогласи кризна состојба поради големиот број пожари, а одлучено е кризната состојба да трае 30 дена поради топлотниот бран. Најголеми пожари има во околината на Неготино и на планината Серта.

Прикажи повеќе