Данското Министерство за правда денеска соопшти дека земјата ја продолжува заострената контрола на границите со Германија за уште шест месеци поради, како што се наведува, континуираната висока закана од тероризмот, пренесува МИА.
„Заканата од тероризам останува сериозна и дополнително се засили по конфликтот меѓу Израел и милитантните групи на палестинските територии. Центарот за анализа на тероризмот во Норвешката полициска разузнавачка служба оценува дека оваа динамика ќе продолжи да биде од одлучувачко значење за проценката на заканата во 2024 година“, се вели во соопштението на данското Министерство.
Се додава дека по една година зголемена контрола на границата со Германија, данската полиција оценила дека новите мерки ги зајакнале напорите за борба против криминалот и соработката во полициските кругови.
Данскиот министер за правда Петер Хумелгард истакна дека безбедноста на Данците е клучен приоритет на Владата.