Дајсон Даниелс од Атланта е играч со најголем напредок (MИП) во НБА. Кошаркарот на Хокс доби најмногу гласови од новинарите кои ја следат најсилната кошаркарска лига во светот.

Секој од гласачите му дава на еден играч прво, второ и трето место, односни 5, 3 и 1 поен.

Даниелс победи со 332 поени, од кои 44 гласачи му дадоа максимален број поени. Втор беше Хрватот Ивица Зубац од Лос Анџелес Клиперс со 186 поени и 23 први места. Кејд Канингем од Детроит Пистонс е трет.

Даниелс ја доби наградата за учинок во својата трета сезона во НБА и првата во Атланта. Сезоната ја заврши со просек од 14,1 поен, 5,9 скока, 4,4 асистенции и три украдени топки по натпревар.

Во споредба со минатата сезона, бројот на поени го зголемил за 8,3, скоковите за два, асистенциите за 1,7 и украдените топки за 1,62 по натпревар. Тој беше водечкиот „крадец на топки“, во НБА.

Покрај тоа што ја освои наградата за играч со најголем напредок оваа сезона во НБА, Даниелс беше второпласиран во изборот за најдобар дефанзивен играч во лигата.

Сепак, многу експерти веруваат дека Ивица Зубац, кој ја одигра најдобрата сезона во кариерата е оштетен. За Клиперси, тој бележеше 16,8 поени, 12,6 скока, 2,7 асистенции со 62,8 проценти реализација од поле.

Текстот Даниелс пред Зубац – Играч со најголем напредок е превземен од МАКФАКС.