Литванија ја знае цената на слободата. Повеќе од 50 години советска окупација, масовните депортации од татковината, политичкото и религиозното угнетување, ограничувањата на човековите права не успеаја да ја задушат нашата желба за независност, слобода и правда, изјави литванската амбасадорка Вилма Дамбраускине во своето обраќање на конференцијата „Украина- две години хероизам“.
Во јули минатата година, Литванија беше домаќин на Самитот на НАТО во Вилнус, во време кога се соочуваме со најсложеното и најнестабилно опкружување од периодот на Студената војна. За Алијансата беше важно уште повеќе да се зајакне нашето одвраќање и одбрана, исто така, одржувјќи ја и нашата цврста поддршка за Украина, која се бори за нејзиниот суверенитет, слобода и право да се приклучи кон европското и евроатлантското семејство.
Ја одбележуваме 10 годишнината од руската агресија врз Украина, агресија која се претвори во целосна и отворена војна пред 2 години, насочена кон комплетно уништување на Украина како земја и како нација. Историски, отсекогаш била горда, слободољубива, непопустлива. Секогаш мета на Русија. Руската агресија врз Украина претставува најсериозна закана за глобалната безбедност и стабилност, не само за Украина.
Неопходно е да се сфати дека на крајот тоа влијае на сите нас. Во текот на оваа ужасна војна, Литванија, заедно со нашите балтички и нордиски партнери, беше меѓу најжестоките поддржувачи на правото на Украина на иднина по сопствен избор: иднина која е слободна. Вкупната поддршка на Литванија за Украина надминува 1 милијарда евра, што е еднакво на 2% од нејзиниот БДП.
Покрај тоа, иницијативите за солдарноста со Украина од страна на граѓанското општество, бизнисот и особено обичните литвански граѓани продолжуваат да собираат милиони евра, со кои нашиот народ продолжува да ја испорачува потребната хуманитарна помош и воена опрема за украинската војска и цивилното население.
Многу го цениме принципиелниот став на Северна Македонија против руската војна на агресија, како и значителната воена и хуманитарна помош обезбедена за Украина. Како што продолжува руската брутална војна против Украина, ние мора да дејствуваме за да обезбедиме одговорност на Русија за нејзините ужасни злосторства во Украина.
Незаконската депортација на украински деца во Русија, Белорусија, нивното одвојување од семејствата, незаконското посвојување, доделувањето нови идентитети со издавање на руски пасоши, претставува геноциден обид од страна на Русија за бришење на украинскиот идентитет. Убедени сме дека Специјалниот меѓународен трибунал за злосторства и агресија против Украина е најдобриот начин да се осигура дека Русија и нејзиното политичко и воено раководство не можат да ја избегнат правдата.
Силно го осудуваме и го отфрламе обидот за незаконска анесија од страна на Русија на украинските региони Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон. Како во случајот на Крим и Севастопол, овие обиди за незаконска анексија никогаш нема да бидат признаени, како и изборите што Русија планира да ги организра на овие територии на Украина.
Многу е важно секојдневно поединечно и колекивно да продолжиме да ги поддржуваме Украинците во земјата и на фронтот до нејзината победа против бруталниот агресор. Нема време за одложување, ниту за замор. Русија се подготвува за продолжена војна со зајакнување на нејзината воена економија и воена структура, оттука, забрзувањето на финансиската и воената поддршка за Украина е клучно сега. Херојството и пожртвуваноста на Украина се едноставно неверојатни.
Издржливоста на Украинците претставува светлина за сите нас кои веруваме во основните вредности на слободата, демократијата и владеењето на правото. Литванија стои покрај Украина уште пред првиот ден и нема да се умори да ги поддржува нашите браќа и сестри Украинци во секој нивен чекор до победата, исто како што и ние самите не сме уморни да се стремиме за обновување на независноста на Литванија 50 години. Слава на Украина!
Д. Т.
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети
Фотографија: Биљана Јордановска