реклама
Ако често ви се случува после оброк да сте уште гладни, тоа може да укажува на неколку здравствени проблеми.
Според нутриционистот Керол Марето, доколку вашата исхрана не е доволно квалитетна, телото може да се „побуни“ и да бара повеќе отколку што му треба.
реклама
Ако јадете мала количина на хранливи материи и не се одморите доволно, на телото ќе му треба повеќе енергија. Ако ви недостасуваат протеини, гладот ќе трае подолго. Затоа е клучно да се грижите за тоа и да внесете во исхраната големи количини зеленчук и овошје богати со влакна.
Треба да јадете и квалитетни протеини кои се наоѓаат во јајцата, месото, рибата и гравот.
реклама
Стресот го зголемува производството на кортизол, што предизвикува дополнително чувство на глад. Доколку често сте под стрес, јогата или медитацијата може да ви помогнат да го решите овој проблем, пренесува Klix.ba.
Недостатокот на сон исто така може да биде една од причините зошто сте гладни. Квалитетниот сон е важен за регулирање на хормоните, вклучувајќи го и грелинот, кој често се нарекува „хормон на глад“, бидејќи го зголемува внесот на храна.
реклама
Треба да спиете најмалку шест часа секоја вечер и да ја ограничите употребата на електронски уреди пред спиење.