Ако остане мирна тука состојбата во однос на смртните случаи и хоспитализирани, единствена препорака ќе остане вакцинацијата. Јас на пример немам проблем да примам четврта доза, доколку е потребно. Можеби ќе биде некоја што ќе штити од сите варијанти, бидејќи веќе добиваме нови, вели микробиологот и доктор Никола Пановски во синоќешното гостување на „Клан дебата“.
Според него, за жал имаме случаи каде и со две дози, луѓето нѐ напуштаат од овој свет.
Некои не стигнаа за да примат трета доза. Веројатно се хронични болни. Непријатно е да се бара од Министерството за здравство да каже со која вакцина биле имунизирани починатите. Со тоа се прави паника. Меѓу редови знам кои вакцини помалку штитеа, појаснува д-р Пановски и уште еднаш повтори дека најдобро поминале прележаните кои примиле две дози вакцина.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.