Доктор Оливер Зафировски од Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ е назначен за нов медицински директор на Универзитетската клника за пулмологија и алергологија Скопје, објавено е на неговата официјална страница на Фејсбук. Тој доаѓа на местото на проф. д-р Дејан Докиќ, пулмолог и алерголог кој беше назначен за директор на Пулмологија во 2017 година.
Д-р Зафировски во последните 30 години работеше во детската болница „Козле“ каде што во еден период беше и директор на Болницата.
Најпрво би сакал да им се заблагодарам на моите колеги од Универзитетска клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“ – Скопје каде што работев повеќе од 30 години и заедно ја изградивме во врвна медицинска институција. Како директор на новото работно место, ќе се залагам за поквалитетни здравствени услуги и третмант на пациентите на високо стручно ниво. Верувам дека конечно ќе ја вратиме довербата во нашиот здравствен систем каде што граѓаните ќе се се лекуваат по светски стандарди, објави д-р Зафировски.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.