Докторот Нико Беќаровски на својот фејсбук профил излезе со објаснување околу поврзаноста на аерозагадувањето и двата најчести зимски вируси.
„АЕРОЗАГАДУВАЊЕТО И ВИРУСНАТА ИНВАЗИЈА
Загадениот воздух драстично ја зголемува патогеноста, тежината на клиничката слика и прогнозата на двата најчести зимски вируси (Респираторен синцицијален вирус и вирусот на инфлуенца-грип).
Затоа да не Ве изненадува што овие денови сите кашлаат, имаат покачена температура и општа слабост.
Затоа се почесто одиме на погреби, отколку на мекици
Секој вложен денар во здрава животна средина, трикратно се исплаќа, само да има некој надлежен тоа да го разбере и сфати.“ напиша тој.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.