Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш вчера изјави дека Либан не смее да стане уште една Газа и повика на прекин на непријателствата меѓу Израел и либанскиот Хезболах.
Да кажеме едногласно и јасно, престанете со убивањето и уништувањето. Отфрлете ја реториката и заканите. Исчекорете назад од работ. Целосната војна мора да се избегне по секоја цена, рече Гутереш пред 15-члениот Совет за безбедност на ОН.
фото: МИА архива