Федералниот суд на САД утврди дека Гугл притивзаконски ја злоупотребил својата пазарна моќ за да ја оневозможи конкуренцијата во пребарувањето на Интернет, давајќи му на Министерството за правда значајна победа против големите компании на информатичката технологија (Big Tech), објави Вашингтон Пост.
„Гугл е монопол и дејствуваше како таков, за да го задржи својот монопол“, напиша судијата Амит П. Мехта во својата пресуда во понеделникот.
Мехта напиша дека Google, единица на Alphabet Inc., го прекршил поглавјето 2 од Шермановиот закон против монополот со тоа што го задржал својот монопол на два пазари на производи во Соединетите држави – општа услуга за пребарување и општо текстуално рекламирање – преку ексклузивни договори за дистрибуција со компаниите клиенти, пренесува ЦИВИЛ МЕДИА.
Случајот беше внимателно следен во круговите што ги следат антимонополските закони како прв од низата случаи што федералните обвинители ги покренаа против високотехнолошките гиганти. Антимонополските власти тврдат дека Big Tech станала премногу моќна и не му служи на јавниот интерес. Тужби се поднесени и против Amazon, Meta и Apple.