Гувернерот на Калифорнија, демократот Гавин Њусом, изјави во интервју за „Си-Би-Ес“ дека сериозно размислува за кандидатура за претседател на САД во 2028 година, пренесе „Хина“.

Тој нагласи дека конечната одлука ќе ја донесе по изборите за Претставничкиот дом и Сенатот во 2026 година. „Да, би лажел кога би рекол поинаку“, рече Њусом на прашањето дали планира да се кандидира.

Како што потсетува агенцијата, Њусом оваа година ја зацврсти својата позиција во Демократската партија, особено поради честите судири со актуелниот претседател Доналд Трамп.

Инаку, според Уставот на САД, Трамп нема право на трет претседателски мандат.

Изборите за американскиот Конгрес ќе се одржат во ноември 2026 година.

Текстот Гувернерот на Калифорнија сака да биде претседател на САД е превземен од МАКФАКС.