Грчки државјанин е уапсен на граничниот премин Табановце поради давање поткуп. При контрола на возилото тој во зелениот картон ставил пет евра за граничарот што го прегледувал.
Според информациите на МВР, вчера во 10.05 часот на Граничниот премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го уапсиле С.П.П.(40) од Република Грција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“.
„Имено, при гранична контрола, тој на увид дал документи за патничко возило „форд“ со германски национални ознаки, кое го управувал и во зелениот картон ставил банкнота од пет евра. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.
Текстот Грчки државјанин со пет евра сакал да поткупи цариник на Табановце е превземен од МАКФАКС.