Грција воведува задолжителна вакцинација против Ковид-19 за лица постари од 60 години, што е драстичен чекор во борбата на земјата против сѐ поголемиот број заразени, пренесе Катимерини.
Властите најавија дека секој месец ќе наплаќаат глоба од 100 евра за секое лице на возраст од 60 и повеќе години кое нема да се вакцинира. Мерката ќе почне да се применува од 16 јануари.
Околу 63 отсто од околу 11 милиони жители се целосно вакцинирани, а распоредот на вакцинацијата е забрзан во последните недели.
Нашите напори ги насочуваме кон заштита на нашите сограѓани и затоа нивната вакцинација отсега ќе биде задолжителна“, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на владина седница.
„Грците над 60 години кои не биле вакцинирани мора да закажат термин за првата доза до 16 јануари или ќе се соочуваат со парична казна од 100 евра секој месец“, додаде Микотакис.
Грција се бори со зголемување на бројот на заразени овој месец, а дневните бројки на нови случаи достигнуваат рекорди.
Грција има потврдено 931.183 инфекции и 18.067 смртни случаи од почетокот на пандемијата.
Таа европска земја во ноември им забрани на невакцинираните луѓе да влегуваат во затворени простори, вклучувајќи ресторани, кина, музеи и спортски сали.
Не препознава негативен тест за коронавирус.