Гран Канарија ја круниса доминантната сезона во Еврокупот со 71:67 победа над Турк Телеком за да го освои Еврокупот и да обезбеди место во Евролигата.
Иако во второто полувреме шпанскиот клуб постигна само 21 поен, тие издржаа за тесен триумф над турскиот ривал. Џон Шурна имаше 18 поени, а Еј Џеј Слотер додаде 16 поени за клубот од Канарските Острови, додека Тајрик Џонс и Аксел Бутеј имаа по 17 поени за Турк Телеком.
Џериен Грент го намали водството на Гран Канарија на 64:62, но Шурна врати со тројка, по што победата беше осигурана. Ова беше неочекувана завршница, откако шпанскиот клуб имаше 17 поени предност (50:33) во првото полувреме.
Само Гран Канарија влегува во Еврокупот, бидејќи Монако го „презема“ второто место од Еврокупот откако успеа да се квалификува во плејофот во Евролигата оваа сезона.