Градоначалникот на Марсеј, Бенои Пајан денеска најави помош од два милиони евра за трговците во тој град чии бизниси беа оштетени во немирите.
Пајан рече дека продавниците се од суштинско значење за секојдневниот живот на луѓето во Марсеј и за динамиката на градот, објави Би-Би-Си.
Пајан кажа дека знае оти може да смета на сите заедници да учествуваат во напорите за помош на трговците.
Марсеј, заедно со голем број француски градови, од вторникот е место на немири, при што многу локални бизниси беа нападнати и ограбени. Немирите траат низ Франција од вторникот, кога полицаец застрела и уби 17-годишник од алжирско-мароканско потекло, кој, наводно, не го запрел својот автомобил по наредба на полицијата. /Makfax