Екипата на Гостивар како второпласирана екипа во Втората лига сезона обезбеди враќање во фудбалската елита, каде што ќе се обиде да оствари добар резултат со драстично променета екипа, откако попладнево потврди заминување на шестмина од составот кој настапуваше сезонава.
Гостиварци им се заблагодарија на Антонио Каланоски, Симе Христов, Дарко Стојанов, Гордијан Христовски, Вилдан Керим и Сухејб Рушити, кои следната сезона нема да бидат дел од овој клуб. Најавите се дека ќе има и нови заминувања, што значи дека новиот прволигаш со сосема нов состав ќе брка опстанок во елитата.
Покрај Гостивар, новиот членови на Првата лига се Воска, која ќе дебитира во најдобрата конкуренција и Вардар. /Sport1/