Кошаркарскиот тим на Гостивар стигна до убедлива победа над Куманово од 85-72 во 2. коло од кошаркарската лига на Македонија.
Клучна во натпреварот беше втората четвртина која домашните ја добија со десет поени разлика. Залудна беше солидната игра на кумановци во останатите три периоди бидејќи во ниту еден момент не успеаја да го вратат мечот во егал.
Александар Тодоровиќ со 23 и Ејасу Ворку со 20 беа најрасположени во победничкиот табор, додека кај гостите од Куманово, Џозеф Кејлеб заврши со 15 поени.
За Гостивар ова е прв триумф сезонава по воведниот пораз од Еуро Никел, додека Куманово по победата над Ангели минатото коло го запиша првиот пораз сезонава.