Службениците на Црногорската полициска управа интензивно трагаат по Ивона Савиќевиќ, самохрана мајка на девојче, која исчезна на 13 јануари во Подгорица, пишува Вијести.ме.
Савиќевиќ е родена 1983 година, а последен пат била видена во местото Штеке, кога возела металик сина „опел антара“. Носела портокалово-црна јакна, црни хеланки и црни чизми.
„Полицијата апелира до граѓаните доколку го забележат ова лице или возилото што го управувала кога исчезнала, како и други информации или сознанија кои можат да придонесат за нејзино пронаоѓање, да пријават во полиција на 122 или на најблиската полициска станица. Секоја пријава може да ја поднесе граѓанин и анонимно“, се вели во полициското соопштение.
Според полицијата, во потрагата ќе бидат вклучени технички можности, како и полициски хеликоптер. „Вашата помош и соработка во вакви ситуации се од суштинско значење, бидејќи секоја информација, без разлика на нејзината големина или релевантност, може да биде клучна“, додаваат од полицијата.
Во потрагата се вклучија и пријателите на Ивона.
Текстот Голема потрага во Црна Гора, исчезна Ивона: „Таа е прекрасна мајка“ е превземен од МАКФАКС.