Актуелнито шампион во НБА лигата Голден Стејт Вориорс ќе добие големо засилување пред плеј-офот, бидејќи во тимот ќе се врати Ендрју Вигинс.
Крилниот кошаркар отсуствуваше два месеци поради семејни проблеми, но вечерва ќе игра на стартот од плејофот против Сакраменто Кингс.
„Кога ќе се случат одредени ситуации и на семејството му требате, тоа бара внимание и љубов, а тоа е приоритет. Секогаш ќе биде така. Сега се чувствувам како да можам да се вратам назад. Решивме се, не целосно, но доволно за да почувствувам дека можам да се вратам“, изјави Вигинс.
Тренерот Стив Кер изјави дека Вигинс цело време тренира индивидуално и дека на почетокот ќе одигра 20-25 минути и ќе стартува од клупата.
Оваа сезона Вигинс имаше просек од 17,1 поен, 5 скока и 2,3 асистенции на 37 натпревари, а минатата сезона беше важен дел од шампионската кампања на Вориорс./Ekipa.mk/