Кристал Палас не ја започна според планираното, а тоа може да резултира со смена на менаџерот Оливер Гласнер. Потенцијалната замена е веќе подготвена.
По седум натпревари во Премиер лигата оваа сезона, Палас освои само три бода и се наоѓа во зоната за испаѓање.
Гласнер го презеде тимот минатата сезона и го оживеа. Се очекуваше дека тимот ќе продолжи да расте, но дојде до пад поради што Гласнер може да остане без работа
Замена за актуелниот тренер би можел да биде Дејвид Мојс. Во минатото искусниот стручњак можеше да ги „извлече“ екипите од опасната зона, а во таква ситуација сега е и Палас.
Мојс остави најголем белег како тренер на Евертон. Тој помина 11 години на „Гудисон Парк“. Потоа имаше неславна епизода во Манчестер јунајтед и Реал Сосиедад, една година беше тренер на Сандерленд, а потоа се пресели во Вест Хем.
Мојс беше таму во два мандати. Прво успеа да обезбеди опстанок со „чеканите“, а во вториот мандат ги одведе до трофејот во Конференциската лига и до полуфиналето на Лига Европа.
Текстот Гласнер ќе добие отказ, Мојс ќе го преземе Кристал Палас е превземен од МАКФАКС.