Поранешниот гитарист во бендот на Ози Озборн, Џејк Е. Ли бил застрелан неколку пати додека го шетал своето куче во Лас Вегас, но повредите со кои се здобил не биле опасни по живот, објавија денеска американските медиуми.
Џејк Е. Ли, музичар кој помогна во работата на соло албумот на Ози од 1983 година, Bark At The Moon, е свесен и „се очекува целосно да закрепне“, пишува Sky News.
Тим Хајн, менаџерот на рок бендот Red Dragon Kartel, изјави дека ниту еден од неговите внатрешни органи не бил засегнат.
„Со милоста Божја, ниеден поголем орган не е зафатен, тој е целосно свесен и се очекува целосно да се опорави. Инцидентот е под полициска истрага и нема да има дополнителни коментари“, рече Хајн.
Полицијата во Лас Вегас соопшти дека пукањето се случило во вторникот околу 2:40 часот во населба лоцирана на околу 15 километри од центарот на Лас Вегас, дека никој не е уапсен и дека истрагата е во тек.
Текстот Гитаристот на Ози Озборн застрелан во Лас Вегас е превземен од МАКФАКС.