Влора Марина потпиша уште еден договор за партнерство, овој пат со Д-Марин, престижна мрежа за управување со морето низ Медитеранот и во Обединетите Арапски Емирати за целосно управување со услугите во туристичкото пристаниште Валона.
Ова е прв договор од ваков вид во Албанија и предвидува воведување на неколку премиум услуги, исти по квалитет и стандард со најдобрите пристаништа на Медитеранот. Д-Марин ги презема сите неопходни услуги за функционирање на туристичкото пристаниште Валона, како што се закотвување, снабдување со гориво, 24-часовна безбедност, одржување на бродовите, обезбедување на пренослива поморска опрема, вклучувајќи возила и работни бродови, што ќе создаде нов стандард за син туризам во земјата и ќе ја позиционира Валона како важна дестинација во Средоземјето.
Ванова Стракоша, генерален директор на „Влора Марина“ во своето излагање пред потпишувањето на договорот рече дека оваа соработка поставува нов стандард во управувањето со пристаништето и во давањето вакви ексклузивни услуги во Албанија за првпат.
„Ова е важен проект во краток рок за туризмот во Албанија. Но и долгорочна инвестиција со стратешка важност. Поради оваа посебна важност посветивме внимание на партнерот кој ќе ја менаџира оваа морина. Затоа сме тука за да потпишеме важна соработка која на албанскиот туризам ќе му донесе голем меѓународен бренд, како што е Д Марин“, изјави Ванова Стракоша – Генерален директор на Влора Марина.
За Д-марин овој договор ќе донесе нови концепти и ќе го понуди најдоброто за клиентите.
„Има два елемента. Географската положба на пристаништето на Валона кое е заедничка точка меѓу Јонското и Јадранското море. За да ги поврземе имаме марина како во Италија, така и во Хрватска. Ни недостасуваше точка на поврзување. Ги поттикнуваме нашите клиенти да патуваат и шетаат низ овие три локации. Точката која фалеше беше токму Валона“, рече Ѓозо Лантос – Директор за глобални услуги и набавки, Д-Марин.
„Албанија нуди голем потенцијал, има убава крајбрежна линија, има историски туризам, има сè заедно за да се претвори во голем потенцијал“, нагласи Селчук Балчи, Управен директор Д-Марин.
За изградба на туристичкото пристаниште компанијата Влора Марина ќе вложи околу 4,5милиони евра. Марината ќе има 438 места за закотвување на јахти и мегајахти долги и до 50 метри. Марината е концесија која предвидува трансформација на старото индустриско пристаниште во туристичко според стратегијата на Албанија за развој на туризмот. По завршувањето на концесискиот период, пристаништето ќе го добие државата. Вредноста на марината во моментот кога ќе биде предадена на албанската држава ќе биде околу 5 пати повисока од вредноста на инвестицијата при нејзина изградба. Ова е следниот важен договор што Влора Марина треба да го потпише за кратко време. Претходно беше потпишан договор со престижната мрежа Мериот, договор кој за првпат во Албанија ќе го донесе концептот на брендирани апартмани и хотел со 5 ѕвезди, Влора Мериот хотел. /Алсат.мк