Гибаница е пита со сирење, која за разлика од питата се прави со малку подебели кори, а за разлика од бурекот се додаваат јајца и јогурт, млеко, кисело млеко или павлака… Ова е традиционален рецепт на нашите баби, уживајте!
СОСТОЈКИ:
500 гр кори за пита
500 гр урда
пет јајца
чаша јогурт
чаша кисела вода
половина чаша масло
лажичка сол
ПОДГОТОВКА:
Загрејте ја рерната на 200 степени и обложете го плехот со хартија за печење. Соединете ги изматените јајца, јогуртот, водата, маслото и солта. Сè добро соединете. Во плех се става првата кора, се премачкува со малку сирење и фил со јајца, па се покрива со втората кора. Постапката повторете ја додека има материјал и завршете со две кори. Премачкајте со мешавина од масло и вода. Исечете ги парчињата со нож, па ставете ја тавата во рерна и печете околу 40 минути.