Германскиот комитет за вакцинација (STIKO) денеска препорача дополнителна вакцина против корона вирусот за сите постари од 18 години.
Дополнителната вакцинација вообичаено треба да се прави шест месеци по последната доза од основната вакцина, објави STIKO, пренесуваат германските медиуми.
Од Комитетот нагласуваат дека препораката за трета, или таканаречена ‘бустер’ доза треба да се направи со mRNA вакцина.
Соодветната предлог-резолуција е доставена на гласање до експертските групи и федералните покраини, така што сѐ уште се можни измени.