Милиони луѓе во Германија, меѓу нив и многу иселеници од Балканот, треба да изберат – или да го задржат државјанството што веќе го имаат или да земат германско државјанство. Но, според најавите што доаѓаат од коалицијата „Семафор“, која преговара за формирање на новата германска влада, можно е да се дозволи двојно државјанство за сите, пишува „Дојче веле“.
Advertisements
„Младите луѓе над 18 години не можат да разберат дека сè уште имаме правила кои се остаток од минатото, кога станува збор за двојното државјанство“, рече шефицата на германските Зелени, Аналена Бербок, за „Дојчландфанк“ во понеделникот.
Таа потврди дека социјалдемократите, зелените и либералите ќе се обидат да го отворат патот за модернизација на Германија во претстојните преговори за коалициска влада. Ова е нов знак дека следната влада би можела да овозможи двојно државјанство, за што и претходно се зборуваше.