По натпреварот во Дебрецин, кој го загубивме од Црна Гора со 24-28 своето видување имаше и Гоце Георгиевски.
„Лошо отворивме, ни поведоа со 4-0 и потоа беше тешко да се вратиме. Надополнивме и израмнивме, но не беше доволно. Одбраната беше нефукционална, посебно во првиот дел. Примивме 17 гола за едно полувреме што е неприфатливо. Во вториот дел нивниот голман се разбрани и тие играа добро и во напад и во одбрана. На крајот мислам дека искуството пресуди. Се спремавме детално, немаше изненадување во тактиката, но во одбраната бевме многу лоши и тука лежи причината за поразот“, изјави нашиот репрезентативец.