Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш преку објава на социјалната мрежа Х ги осуди смртоносните воздушни напади на Израел во близина на Рафа во Појасот Газа.
– Ги осудувам акциите на Израел во кои загинаа голем број невини цивили кои само бараа засолниште од овој смртоносен конфликт, напиша Гутереш на Х.
– Нема безбедно место во Газа. Овој ужас мора да престане, нагласи тој.
I condemn Israel’s actions which killed scores of innocent civilians who were only seeking shelter from this deadly conflict.
There is no safe place in Gaza.
This horror must stop.
— António Guterres (@antonioguterres) May 27, 2024
Како што објави предходно ЦИВИЛ Медиа, на барање на Алжир, поддржан од Словенија, Советот за безбедност на ОН денеска ќе одржи итен состанок по смртоносниот воздушен напад на Израел во близина на Рафа во јужниот дел на Појасот Газа.
Како што беше соопштено, во нападот загинале 45 лица, а десетици се повредени во воздушниот напад во неделата во кој беа погодени шатори во кои се сместени раселените луѓе. Според соопштението на Здравствените власти на Хамас во Газа, повеќето од жртвите на воздушниот напад биле жени и деца.
М. Д.