Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, изјави дека неговиот тим е посебен и тоа ќе го покаже во вторник навечер од Лигата на шампионите против Реал Мадрид. Сити и Реал, во Манчестер ќе го одиграат првиот од двата бараж натпревари за пласман во осминафиналето.

По години на доминација во англискиот фудбал, на Гвардиола не му е лесно оваа сезона, бидејќи бележат лоши резултати во Премиер лигата, а во Лигата на шампионте нокаут фаза изборија во последното коло.

„Одигравме осум натпревари во последните пет години против Реал Мадрид, со различен повеќе или помалку успех, но мене не ми е нормално да играме против нив толку често. Стануваме модерен класик на Лигата на шампионите. Не се снајдовме добро во лигата и заслужуваме да играме во плеј-офот“, изјави Гвардиола.

Предноста на Сити може да биде тоа што голем број играчи на Реал се повредени. Милито, Алаба, Ридигер и Луис Васкез нема да настапат.

„Реал некако успеа подобро да ги апсорбира повредите од нас, тие се лидери во Ла Лига, додека ние немавме константност. Примивме многу голови. Бевме нестабилни во претходниот период и тоа не чинеше, но полека се враќаме во нашиот ритам. Морам да бидам оптимист“.

Гвардиола смета дека за неговиот тим би било од големо значење доколку успеат да го елиминираат кралскиот клуб.

„Не е важно што реваншот е во Мадрид, нашиот тим има нешто посебно и се надевам дека ќе можеме да го покажеме то. Знаеме што ни носи победата и што ни носи нерешениот резултат. Но, денес во фудбалот не е многу важно дали си фаворит на хартија или не“, изјави Гвардиола.

Текстот Гвардиола: Ќе ја покажеме нашата уникатност против Реал Мадрид е превземен од МАКФАКС.