УЕФА приреди бизарна ситуација и се погрижи за нереална сцена на највисоко можно ниво, бидејќи за првпат од постоењето на Лигата на шампионите беше повторена една ждрепка во нокаут рундата на најелитното натпреварување.
Европската фудбалска Федерација објасни дека поради техничка грешка на софтверот било направен голем превид во првото извлекување, поради што мораше да биде направено второ во 15:00 часот, по кое и дефинитивно ги добивме осминафиналните парови во Лигата на шампионите.
Додека цела фудбалска јавност се потсмева со УЕФА и претставниците на клубовите испраќаат сериозни забелешки, со доста поинаков став се јави Пеп Гвардиола за кого сето ова е доста нормално.
– УЕФА појасни дека дошло до грешка, а такви работи се случуваат. Грешки им се случуваат на тренерите и играчите, а сега видовме дека грешки и се случуваат и на УЕФА.
– Сметам дека повторувањето на ждребот е праведно, бидејќи претходно нешто не беше во ред. Сега нема простор за никаков сомнеж, грешката е поништена и направено е ново извлекување. Во Лигата на шампионите нема лесни противници и за мене ова е сосема во ред, – изјави Гвардиола.